Книгата „Несоници„ од Ерол Туфан ,вечерва ќе биде промовирана во КИЦ

52

Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и
задоволство да ве покани  на промоција на  книгата  „Несоници“  книга
на есејни  поетизации врз основа на факти за 99 извонредни уметници
од  Ерол Туфан, во издание на ПНВ Публикации.

Промоцијата ќе се одржи денеска  , на  23.09.2021г.  почеток
во 17:00 часот  во паркот пред КИЦ – Скопје (со приложен сертификат
за вакцина, неопходната дистанца меѓу присутните и заштитни маски).

Книгата ќе ја промовира, Кристина Николовска, модреатор ќе биде Јулијана
Величковска, Стефан Хаџи Николов , ликовен уметник и музичка изведба,
Јаков Дренковски.

 

ЕРОЛ ТУФАН ( роден 1959 год. во Гостивар ) , поет, есеист и преведувач. Во 1992 год. се иселил во Турција . Работи како самостоен адвокат во Истанбул. Досега во Скопје на македонски јазик ги објавил : книгата есеи „Книгољубецот “ ( 2006 и повторно 2011 ) , книгата поетски есеизации „Несоници “ ( 2020 ) и книгите поезија : „Балкански син “ ( 2013) , „Камчето од Вардар “ ( 2016 ) , „Ликовите во мене “ ( 2021 ) . Изборите „Ерол трагом Ерола “ ( 2016) и “Књигољубац “ ( 2017 ) објавени се на српски јазик во Белград. Двојазичниот избор од поезијата на македонски и турски јазик „Меланхолија / Melankoli “ (2020) објавена во Скопје. Во Истанбул во печат му е стихозбирката на турски јазик  „Hülya bitince“ . Член е на ДПМ , УКС и ТФП.

„ Книгата е една мала енциклопедија од 99 „несоници “  ( кај Туфан , во неговата лична ars poetika  подигнати на ниво на негов книжевен жанр ) , сите посветени на видни уметници низ историјата на човештвото : скулптори , сликари , фотографи , музичари , артисти, писатели , поети ,  фотографи , синеасти …..

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.