31.мај со „Аида“ ќе бидат затворени Мајските оперски вечери оваа година

557

47. Мајски оперски вечери ќе бидат затворени на 31 .мај со Величествената АИДА од  Џузепе Верди.

Спојот на традицијата со визуелната иновација, футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.

Во главните улоги ќе настапат русинките Олга Романко како Аида и Ирина Долженко како Амнерис. Во улогата на Радамес ќе настапи првенецот Ѓорѓи Цуцковски додека во улогата на Амонасро ќе настапи Анџело Веча, гостинот од Италија. Улогата на Фараонот ќе ја исполни Александар Стефаноски.

Диригент: Диан Чобанов од Бугарија. Продукција на театарот Карло Феличе од Џенова, Италија.

31.мај (петок) , 20 часот, Македонска опера и балет

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.