Изложба на три генерации Ташковски

36

На 11 Април 2024 година во 19 часот во Галерискиот простор на МАНУ се одржи изложба на трите генерации Ташковски.
Првата генерација е академик Васко Ташковски (Нижеполе, Битолско, 31 август 1937)- македонски сликар, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот.
*
Завршил средно уметничко училиште во Скопје во 1958 година, а потоа дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Освен со сликарство се занимава и со наменска сценографија за театар, телевизиски и филмски проекти, како и сценографии за разни манифестации (музички и театарски фестивали, јавни настани од областа на културата). Подолго време работел како сценограф во Македонската телевизија (1965-1991), со над 300 реализирани сценографии. Работел и како илустратор на повеќе изданија. Се занимава со сликарство, сценографија, илустрација и др. Покрај сликањето во маслена техника, работи и акварел, цртежи и графика. Повремено работи и графички дизајн.
Ликовно творештво:
Во својот творечки опус, Васко Ташковски има повеќе циклуси составени од најразлични теми насловени како: „Екологија“, „Урбани мравјалници“, „Крајбрежни случувања“, „Пристаништа“, „Коњи“, „Корења и организми“ и други слободни мотиви. Во рамки на своето богато уметничко творештво реализирал над 750 слики во маслена техника, 2500 акварели, 1000 цртежи, над 10.000 скици и голем број графики. Неговите дела се наоѓаат во голем број приватни колекции, галерии, музеи и установи во земјата и светот, од Македонија и Европа, до САД, Австралија и Националниот музеј на Кина во Пекинг (2005). Има остварено 50 самостојни изложби во земјата и во светот светот, меѓу кои во: Шибеник (1965), Скопје (1969, 1970, 1973, 1982, 1987, 1988, 1990, 1994, 1995, 1998, 1999, 200, 2002, 2005, 2007 и јубилејот по повод 50 години творештво во 2015 во ликовниот салон на МАНУ), Каиро (1981), Париз (1992), Анкара (1996, 1998), Њујорк (2000), Виена (2001), Цирих (1996), Крајова (1996), Битола (1969, 1983, 1988, 2001), Струмица (1970), Охрид (1988, 1996), Струга (1988, 2005), Велес (1988), Штип (2003), Белград (1977), Загреб (1977, 1989), Зрењанин (1988), Ниш (1988) итн.
Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и надвор, на тематски изложби итн. По повод 50 години од првата изложба, во месец септември 2015 во ликовниот салон на МАНУ ја одржал својата изложба на 51 слика во маслена техника насловена како „Енергии во просторот“.
****
Книжевно творештво
Ташковски е автор на две прозни дела: „Ѕуница околу пирустијата: автобиографски записи“ (2007) и „Прозни записи“ (2019). Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскито краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).
****
Награди и признанија
Добитник е на 17 награди и признанија, меѓу кои: „4 јули” во 1977 г., Октомвриска награда (за сликарство) во 1978 г. и др. Застапен е во прегледеи и монографии за историјата на светската уметност, а за неговото творештво се снимени 8 телевизиски филмови во продукција на Радио-телевизија Скопје, меѓу кои „Приквечерина“ (1981) по сценарио и режија на Коле Манев, „Во ателјето на Васко Ташковски“ (1983), „Пустината расте“ (1988), „Ташковски“ (1994), „Слики што го говорат човекот“ (1998) итн[2]. Избран е за дописен член на МАНУ во 1994, а потоа и за редовен член на МАНУ е избран во 1996 година.

Галерија на уметнички дела

Бунт на артефактите – 2014
Бунт на артефактите – 2014

Маскиран пејзаж – 2011
Маскиран пејзаж – 2011

Големата плажа – 2014
Големата плажа – 2014

Творецот – 2007
Творецот – 2007

Платформи – 2011
Платформи – 2011

Формирање – 2003
Формирање – 2003

Округли едра – 2011

Арка – 2014

Трагови на Времето – 1974 – масло на платно

Плима – 1978

Археолошки белези – 2014

Вертикално движење – 2014

File:Нагризена топка – 2014

Птичјо гнездо – 2015

Крлук – 2014

Продавачка на школки – 1981

Сиромашен рибар – 2015

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.