Почетна КУЛТУРА Литература Објавен четвртиот број на книжевното списание „Современост“ за 2022 година

Објавен четвртиот број на книжевното списание „Современост“ за 2022 година

85


Излезе од печат четвртиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2022 година.

Во составот на последниот број на списанието за тековната година влегуваат 40 статии на 224 страници, вклучувајќи: интервју, 5 прилози проза, 11 прилози поезија, 2 приопштувања, 9 интерпретации, 8 рецензии, 1 прилог со афоризми, како и 3 текста од млади автори во новооформената рубрика Ѕвезди и протези.
Бројот е отворен со интервју со поранешниот главен и одговорен уредник на ова списание и еден од најплодните македонски автори, проф. д-р Васил Тоциновски по повод 50-годишнината од објавувањето на неговото прво книжевно дело, поетската збирка „Тајна во сонот“ (1972).
Потоа следи избор проза од: Станка Бајлозова Барламова, Милена Силјаноска, Билјана Станковска, Јордан Коцевски и Елисавета Станкоска. Поетите Васил Тоциновски, Љубица Шопова, Трајче Кацаров, Митко Апостолов, Долорес Атанасова – Лори и други се застапени со поезија.
Во бројот се застапени преведените прилози, во делот Приопштувања од: Милица Миленковиќ и Наталија Недјалкова.
Во рубриката Интерпретации застапени се прилози од повеќе македонски книжевници, меѓу кои: Славчо Ковилоски, Никола Алтиев, Васил Михаил, Елена Станкоска, Марија Цветкоска, Мишо Китаноски и други.
Во бројот се застапени 8 рецензии кон книжевни дела кои ја сочинуваат рубриката Вреднувања: Жаклина Атанасова, Снежана Стојчевска, Васил Дрвошанов, Лидија Капушевска – Дракулевска, Сашо Огненовски, Атина Цветаноска и др. Со афоризми е застапен Љупчо Силјановски.
Крајот е отстапен за рубриката Ѕвезди и протези во која се вклучени прилози од: Пепи Стамков, Светла Јакшиќ и Софија Тодороска.
Илустрациите во последниот број за 2022 год. се фотографии од дела на академскиот вајар Александар Јанев, а истиот е достапен во книжарниците низ Скопје.

metropolis-big