15 декември 1945/46-Значајни датуми во македонската култура и образование

1263

15. декември 1945 – Симфонискиот оркестар на  Македонската филхармонија  го оддржал својот прв симфониски  концерт.

Македонска филхармонија — единствениот симфониски оркестар во земјата. Од основањето до денес, оркестарот игра важна улога на полето на музичката уметност во Македонија и како претставник на домашната класична музика  во странство. Со него раководеле истакнати македонски и странски диригенти и настапувале видни солисти. Гостувала во разни земји во Европа, како и Средна и Латинска Америка .

Има широк репертоар од симфониски, вокално-инструментални и камерни дела од класичното, современото творештво од домашни и странски композитори. Во склоп филхармонијата повремено работи и камерен оркестар.

 

 

 

15. декември 1946– Во Скопје започнале првите предавања на Филозофскиот факултет — наследник на стариот скопски филозофски факултет (во склоп на Белградскиот) и прв факултет при Универзитетот во Скопје, денес „ Св Кирил и Методиј“. Филозофскиот факултет не е значаен само по тоа што е прв модерен факултет во слободна Мкедонија. Имено, тој ги воспоставил темелите на македонската научна дејност, давајќи ги првите високообразовани кадри на територијата на земјата, а е посебно важен во доменот на општествените истражувања како зародиш на повеќе особено битни институции за македонската државност како МАНУ, ИНститутот за нИнститутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и други. Факултетот е добитник на престижната републичка награда 11 Октомври во 1976 година .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.