26 септември 1604-По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволиле да се печати Дон Кихот од Мигел де Сервантес

1370

Дон Кихот е роман на шпанскиот писател Мигел де Сервантес во два дела: Досетливиот благородник Дон Кихот од Ла Манча (шпански: El ingenioso hidalgo don Quixote de la Mancha) од 1605 година и Досетливиот витез Дон Кихот од Ла Манча (шпански: El ingenioso cavallero don Quixote de la Mancha) од 1615 година. Сервантес создал измислено потекло за книгата засновано врз ракопис од маварскиот историчар, Сид Хамет Бенегели.

Мигел Сервантес де Саведра е роден во Алкала де Енарес, мало место во близината на Мадрид, како четврто од седумте деца на сиромашниот благородник, Родриго де Сервантес и неговата сопруга Леонор де Кортинас. Познато е дека Мигел Сервантес бил крстен на 9 октомври 1547 година, во парохиската црква во Алкала де Енарес, а врз основа на тоа, истражувачите претпоставуваат дека се родил на 29 септември, т.е. на денот на св. Михаил.

Родриго де Сервантес на своето семејство му оставил само долгови, поради што бил уапсен во Ваљадолдид , во 1552 година, но бил пуштен од затворот како „очигледен идалго“. Следната година, семејството Сервантес се преселило во Кородба, кај татко му на Родриго, лиценцијатот Хуан де Сервантес. Во 1556 година умрел Хуан де Сервантес, а една година подоцна умрела и мајка му на Родриго, Леонор де Торебланка. Во еден документ од 30 октомври 1564 година, во Севилја, Родриго де Сервантес изјавува дека е лекар при што од документот, во кој тој ѝ дал полномошно на сопругата, се гледа дека таа со децата живеела во Алкала де Енарес. Во 1565 година, сестра му на Мигел, Луиса де Сервантес станала калуѓерка во Алкала, во манастирот на безгрешното зачнување. Од полномошното што Леонор му го дала на Родриго, направено на 2 декември 1566 година во Мадрид се гледа дека семејството Сервантес се преселило во Мадрид, а тоа го потврдува и едно полномоштво напишано од Родриго на 9 јануари 1567 година. Во 1568 година, Мигел Сервантес му бил ученик на Хуан Лопес де Ојоса, управник на Градското граматичко Училиште. 

Бурна е биографијата на Сервантес ,чиј живот го одбележа неговиот роман „Дон Кихот “ и после 6 века сеуште актуелно четиво меѓу децата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.