3 октомври 1995 година- Извршен атентат врз Киро Глигоров, тогашен претседател на Република Македонија

1298


Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.

Киро Глигоров, родено име Киро Панчев, роден во Штип на 3 мај 1917 година ,почина на 1 јануари 2012-тата во Скопје — активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски економист, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија.

Во февруари 1990-тата година, се вклучил во Македонскиот форимз аподготовка на накедонската национална програма. Глигоров активно учествувал во работата на овој форум на кој се разгледувала ситуацијата во Југословенската Федерација и можностите за разврската со осамостојување на Социјалистичка Република Македонија. По изгласувањето на Декларација за сувереност на државата на 25 јануари 1991 година, Глигоров бил избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Макеоднија од страна на Собранието на Република Македонија  на 27 јануари  1991 година. На 7 март му го доверил мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада.

Глигоров имал активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Така тој бил автор на прашањето поставено на референдумот одржан на 8 септември 1991 г.: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија? Според тврдењето на тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов во август 1991 година тој имал долг и тежок разговор со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров (кој бил автор на референдумското прашање), убедувајќи го да го избрише вториот дел од референдумското  прашање. Плашејќи се од воената интервенција од страна на ЈНА, Глигоров останал на својата формулација на референдумското прашање. По успешно одржаниот референдум, Глигоров излегол на Плоштадот Македонија и со восхит ги поздравил насобраните граѓани.

По истекот на вториот претседателски мандат, го отстапил претседателското место на новоизбраниот кандидат Борис Трајковски.

На  17 ноември  1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.

Глигоров почина во длабока старост, 94 години, на 1 јануари  2012 година во својот дом во Скопје.  Вистинските сторители на атентатот врз Киро Глигоров сеуште не се откриени.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.