ДАРКО ГРОЗДАНОВСКИ: Момче за сѐ!

301

Дарко Гроздановски (1999) е роден во Битола. Од мала возраст покажува интерес и талент за музика. На свои шест години се запишува во Основното музичко училиште во Битола, каде што се запознава со виолината. Сега е четврта година на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Олег Кондратенко. На студии се запишува како стипендист во најдобрите десет од неговата генерација.
Добитник е на повеќе први државни и меѓународни награди по виолина, има настапено на многу концерти, дел е од оркестарот на Музичка Младина на Македонија и два пати до сега има настапено солистички со Македонската Филхармонија.

Кон крајот на основното образование почнува да го негува и пишаниот збор. Поезијата од тогаш, па сѐ до денес му е еден од омилените начини за пренесување на емоцијата.

Како најголеми успеси ги издвојува две први и една трета државна награда во поезија.

Некаде кон средината на средното образование, за прв пат ги спојува музиката и поезијата, за подоцна да се роди и неговата прва кантавторска песна насловена „Да ја видам”. Веднаш по неа следуваат „Засекогаш”, „Сега знам” и „Моја”.

Најновата негова песна е поп-баладата „Врати ме” која е во дует со Ана Петановска, промовирана во ноември оваа година.

Даеко се потпишува зад музиката, текстот и аранжманот на неговите песни.

Дарко е момче за сѐ! Вистинско освежување е на македонската поп сцена, што поради неговите авторски мелодии текстови и аранжмани, а и што поради тоа што сам си ги организира и продуцира спотовите. За него треба да се чуе повеќе.

Ова се неговите песни:

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.