Концерт во Битола, на иста сцена Lelee и My tear

47

Во четврток (2. ноември) во 20:30 часот во Porta Jazz во Битола, Ponder организира концерт на музичките групи Lelee од Љубљана, Словенија и My Tear од Скопје како дел од нивната културна програма.
Уникатниот бленд на балканско ДНК црпено од Битола, преку Белград, до Љубљана ги прави Lelee еден од највозбудливите инди-рок акти во регионот. Со нивниот поп-шарм и балкански мелос проткаен низ цврстата ,,направи сам” музичка етика, Lelee се една од највпечатливите музички појави во изминативе години, а во четврток за прв пат ќе имаат концерт во Битола.
Nestaješ: https://youtu.be/cn7hqVmDLXw
Čudo: https://youtu.be/CHF8dogyyf4
Kopnež: https://youtu.be/-Z2nvm00xm4

Вечерта ќе им се придружи култното скопско трио My Tear. Со нивните силни њувејви синт матрици надополнети со неверојатно енергичниот сценски настап, овие ветерани на македонската независна сцена ќе ни приредат атак на сите сетила како што само тие умеат.
На старите станици: https://www.youtube.com/watch?v=ueytPxTaFC4
Остави ме да бидам: https://www.youtube.com/watch?v=hbL36f38QYs

Влезница за настанот е 150 денари.
—–
Ponder е независна битолска културна иницијатива која има за цел промовирање на независната култура и живата уметност кај младите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.