Утре- деталите за „Крај Вардарот џез“

5

Од 20 до 27 април ќе се одржи петтото издание на „Крај Вардарот Џез“. Фестивал кој произлезе од големата љубов, визионерство и посветена работа на Мирко Попов и Владан Дробицки за интегрирање автори и изведувачи од македонската музичка сцена во сферата на џез, светска и современа музика. Годинашното фестивалско издание нуди исклучителна програма на македонска авторска музика селектирана од Попов и Дробицки, која излегува од границите на музичките жанрови, спојувајќи џез, електроника и современа музика.
На конференција за печат, утре, 18 април, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во пресрет на петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, кое годинава ќе се реализираме во чест на Мирко Попов, ќе бидат обелоденети сите дополнителни детали.
На средбата ќе биде присутен тимот на фестивалот Виолета Качакова и Владан Дробицки и дел од изведувачите: актерот Оливер Митковски, како дел од музичкиот проект „Поетроника“, пијанистката Дуња Иванова и маестро Љупчо Мирковски, под чија диригентска палка ќе настапи Биг Бендот со музика на легендарниот Кире Костов.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.