Пригодна осмомартовска програма и за Црвениот крст

38

Во рамки на социјалниот сервис “Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје се одбележа Меѓународниот ден на жената 8 март.

Корисниците присуствуваа на концерт кој беше спроведен од Ансамбл за народни песни и ора “Вања Лазарова”. За време на концертот познатиот хуманитарец и уметник Живко Поповски- Цветин сликаше цветови со пораки за жените и истите цртежи ги подаруваше на сите пристутни кориснички на концертот.

Корисникот од дневниот центар за стари лица Новчо Цветковски со симболичен цвет ги израдува дамите од ансамблот за народни песни и ора „Вања Лазарова” и корисничките од дневните центри за стари лица.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.