“Водолија” со нов сингл- насловен “Небесен свод”

90

Скопје 

17.06.2024

Нова песна излезе од студиото на “Водолија”, песна насловена “Небесен свод”.

Музиката, текстот и аранжманот се на фронтменот на групата, Ристо Апостолов, како и снимањето и продукцијата.

Уметничкото ликовно обликување на лирик- видеото го работеше Натали Николовска.

 

Песната на познатиот рокер е сентиментална, нежна, топла и најверојатно посветена, и со оваа песна најавува и понатамошна музичка активност, да претпоставиме, во иднина и малку поинтензивна.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.