Светот, на музиката, остана без својата Принцеза, збогум Слаѓана Милошевиќ!

29

Покана за Тркалезна маса „Колку гледишта – толку верувања / 28.03(четврток)/ 12:00 часот/ Клуб на новинари26.03.2024

Слаѓана Милошевиќ, славната српска и балканска авангардна уметница и пејачка почина денеска на 69 годишна возраст, по кратко боледување во Земунската болница.

Најпозната кај пошироката публика по песната “Принцеза” испеана со Дадо Топиќ, оваа славна ѕвезда е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од осумдесеттите во некогашна Југославија. Нејзиниот брат Горан Милошевиќ беше член на “Генерација 5”.

Првиот соло настап го имала на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што освоила „Гран при“ и оттогаш почнува нејзината кариера.

Александра Слаѓана Милошевиќ стана млада ѕвезда на југословенската поп- рок сцена во 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имала првиот голем настап на славниот концерт кај Хајдучка чешма, каде настапувала пред на бината да излезат “Бијело Дугме”.

 

Кршеше табуа кога ја објави песна наречена „Секси дама“, која беше забранета да се емитува на бројни радио и телевизиски програми.

Во 1979 година ја промовираше песната „Амстердам“, а во 1981 година настапи на изборот за југословенски претставник на Евровизија во Белград и го освои осмото место со композицијата „Рецепт за љубов“.

 

Во 1984 година со Дадо Топиќ ја сними песната „Принцеза“, со која настапија и на Југовизија, а која беше преведена и на англиски, а во 1989 година замина во САД, каде извесно време се занимаваше со музика и таму.

Извесно време била брокер на акции, а работела и во маркетинг агенции. Таа се вратила во Белград во 1995 година.

Имаше ангажмани и како продуцент но беше и текстописец и објавуваше и други публикации.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.