Детските права во Македонија – Застапеност во работата на Собранието

1914

Во рамките на проектот:  „Имплементација на Конвенцијата за заштита на правата на детето во Македонија“, спроведуван од Коалицијата на младински организации СЕГА, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Младински образовен форум, поддржан од Детската фондација Песталоци, заради целосно информирање за состојбите, денеска  (вторник) Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, ќе  одржи  прес конференција со почеток во  10:00 часот во хотел „Порта“.

На Пресот ќе биде презентиран Извештајот  за застапеноста на детските права во работата на Собранието во периодот од јануари до 23 јуни 2019 година. Новинарите и јавноста  ќе бидат информирани  за степенот на застапеност на детските права генерално во Собранието. За актуелните состојби ќе зборуваат  м-р Драги Змијанац – Претседател и основач на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, Јана Зенговска – координатор на проектот ПДАС Меѓаши (подготовката на извештајот  и генерални согледувања) а новинарите ќе имаат можност повеќе да се информираат за ова многу суптилно прашање.

Модератор: Катерина Конеска – Раководител на проектен сектор во Прва детска амбасада во светот Меѓаши

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.