Кога ќе се спојат театарот и уметноста-„Битола Шекспир фестивал“ со забележителен визуелен стил

990
Од Битола за куларт.мк , Валентина Горгиевска-Парго
Во рамки на „Битола Шекспир фестивал “, редовната програма, офф програмата, забележителен е ненаметлив визуелен стил, на се што го ознзчува овој единствен Фестивал кај нас, посветен на големиот Шекспир и неговите дела.
За сето тоа да изгледа интересно и препознатливо се погрижил Горан Спасевски, уметник во Битолскиот театар, кој од љубов кон актерите, фестивалот и уметноста, во Бифето на Театарот за само два дена ја направил целата визуелна слика. Се, со препознатлива зелена боја, со која ги означил и плакатите и деловите од сценографијата околу Театарот и хостесите
.
Кога љубовта ги спојува двете врвни уметности, со многу креативност и работа се добива убав визуелен ефект.
Браво за Горан Спасевски!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.