Фолклорната детската игра „Ане кога беше малечка „ во Македонија

1388
literatura

Повод за разговор со проф.др Драгица Божинова

Литературата за деца  е основата за создавање на детската имагинација, за нивно збогатување во говорниот збор а ја има во повеќе форми . Она што е останато како народна фолклорна култура е секогаш со непроценлива вредност.

На истражувањата во областа на детскиот фолклор, култура и литература долги децении од својот професионален ангажман ги посвети проф Драгица Божинова, сега професор во пензија , чиј дух и желба да се создава не стивнува.

Во нејзините бројни напишани, дела ,пркази, есеи едно ми привлече внимание.Тоа е литераурниот фолклорен опис на детската игра „Ане кога беше малечка“.

kulart.mk-Што е содржната на играта ?

Проф Божинова –„Ане кога беше малечка“ е народна детска песна, но и игра. Неа ја играле деца од 5-та до 12-та годишна возраст и најчесто е игра на девојчињата. Според моите стражувања од 1981 година на цел тогашен југословенски простор , оваа игра беше многу распространета и сакана од девојчињата. Машките не ја играат, иако ја знаат затоа што таа е женска игра . Оваа игра низ песна го прикажува растењето на девојчињата до моментот кога стануваат мајки, баби па  и вештерки и на крај се мртви.

kulart.mk- Интересен развој на една детска песна .Зошто е опфатена и вештерката и смртта?

Проф Божинова- Па ако се следи оваа песна ,секогаш има еден ист дел на почетокот што се изведува со пеење и плескање на рацете и тоа така е во целата игра. Мимиката на дадената ситуација која се пее е значаен дел. На пример: кога емома поинакви мимики, кога е мајка други движења….баба и се додека  мртва. Вештерката е опфатена заради големото верување во народната митологија дека постојат вештерки, вампири самовили и други невидливи појави и нешта. Таа област во народното творештво е многу распространета и затоа на децата им била сервирана на различни начини па и преку игра.

 kulart.mk -Како би ја окарактеризирале оваа игра ?

Играта има неколку компоненти: текстот, кој е едноставен без некои забележителни особености, имитацискиот дел е многу богат во смисла на изведување на разни фигури кои соодвествуваат на периодот од животот на жената од нејзиното раѓање до смртта (па и по неа) Сметам дека овој имитациски слој има и одредено катарзично дејство.

Таа по своите карактеристики  е  со македонско-фолклорни обележја и е пример за заемната врска и позјамувањето од другите фолклорни жанрови.

И би завршиле дека „Ане кога беше малечка“  е одраз на повеќе општествено-историски и социјални аспекти на едно време во 80-тите и 90-тите години кога играта најмногу била жива.

literatura

Во напливот на интернет технологијата, паметните телефони, децата ги оставија “улиците“ и дворовите празни. И кога се вклучени во некои активности, тоа е се чини повеќе механичко ангажирање наспроти потребата од дружење, заедничко пеење, развој на креативност. Затоа и потсетувањето на една ваква игра предизвикува интерес а можеби ќе биде за некои родители поттик да ги вратат децата на “улица“  , пред зградите и во дворовите  .Игрите од детството сепак се незаборавни а претставуваат  основа за понатамошниот психолошки развој на децата како возрасни.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.