Промовирани делата од авторите Снежана Паноска, Александар Михајловиќ и Филип Петревски

1833

Вчеравечер беа промовирани три литературни дела во организација на Културно-информативниот центар од Скопје. Делата: Збирка поезија за возрасни  „Алтани и други “ од Александар Михајловиќ  од Гостивар, збирката поезија за деца од Снежана Паноска од Прилеп и романот „Последната книга на планетата земја “ од Филип Петровски од Куманово.

Во преубава атмосфера, во која уживаа и авторите и посетителите промоторот на книгите и модератотр на настанот М-р Татјана Гогоска го искажа најнапред задоволството што на едно место се собрани автори од различни градови, различна возраст и најважно што се претставуваат различни литературни жанрови.

Делото „Алтани и други„ е збирка поезија од Александар Михајловиќ од Гостивар,која  како што вели самиот автор на инспиративна поезија, која содржи 45 песни и низ кои се допира до различни делови од живеењето, од  чувствата и мислите а најважно, се насетуваат  општочовечките вредности, сместени некаде измеѓу, изгубени или подзаборавени. Низ сите нив се чувствува вистинскиот порив на Александар за поетското изразување, кое е дел од неговиот личен афинитет и сензибилитет.

„Вртејќи ги страниците на книгата во првото прелистување,  во своето обраќање нагласи модераторот М-р Гогоска , -забележав дека и самите песни се наредени  во некој безреден ред, неповрзани една со друга но, според начинот на кои се напишани сепак ги поврзува една нишка на заедништво. И така додека ги читате песните создадени од душата на авторот, едноставна, чиста и реална добивате приказ на еден поетски свет кој авторот го изградил за себе и го претставил на публиката„.

Брзозборливо е  збирка поезија за деца од авторката Снежана Паноска од Прилеп. Уште на почетокот ќе прочитате емотивна порака посветена на нејзините внуци на кои им препорачува да ја читаат и кога ќе ја нема. Разбирлив порив на еден автор во зрели години, се што создава па и литературата да е посветена на оние кои се најголемо богатство а тоа се децата и внуците.

Збирката поезија, содржи 72 песни, посветени на децата со преубави илустрации, кои на делото му даваат комплетна слика. Низ поетскиот израз авторката  ги води децата во сите делови на нивното безгрижно детство. Снежана пее за ветерот, кокичето, Дедо Мраз, снегот,  за животните кои се секогаш дел од растењето на децата и низ поезијата и стиховите го доближува светот до децата а и децата до светот. Авторката многу лесно и едноставно ги ниже детските желби, радости, игри во една низа на песни, која како целина дава своевиден приказ на секое едно безгрижно детство, преставувајќи ја книгата кажа модераторот на настанот Гогоска.

 

Кога се сретнав со насловот на Филип Петровски уште пред да видам колку години има, мислев дека е многу повозрасен, но кога го прочитав само воведниот дел сфатив зошто овој млад човек посегнал во авторство на една ваква идеја, да создаде четиво, кое пред се ќе не замисли.Вака  презентацијата на третото дело гозаполна промоторот на настанот за книгата Последната книга на планетата земја од Филип Петровски , автор од Куманово.

„Многу одамна постоел еден свет што се нарекувал Планета Земја. На земјата живееле луѓе, онакви какви што денес ние не ги познаваме, а можеби се наши предци. Најверојатно потекнуваме од нив, а не како што не учат дека нашиот кретаор е Џорџ и неговата воздушна компанија. И веднаш навира прашањето, за нас луѓето ли е ова, како за нас ќе зборуваат некаде и некогаш, на Планетата Марс во 2134-година ,во областа Египет градот Тарм, со овој извадок промоторот го започна претставувањето на ова дело.

И дејството во книгата ве  враќа назад  пред околу сто години на Планетата земја со прашањето , кое сите од нас скришно си го поставуваме: Што би направил ако деновите на планетата земја ти се одброени? Дали би продолжил да живееш..или би сакал да бидеш побрз од настанот и сам да си пресудиш….Многу теми, необјаснети нешта, состојби и настани се проткаени во книгата на Петровски.

Книгата е сместена во 13 поглавја. 13-тото последното конечно ни го открива новиот свет на размисла пред која остануваме за миг барем замолчани. Во него стои : „Соништата можеби не ги сонуваме, можеби тие се празни души и долетуваат од некаде. Собирајќи информации за се што имаме преживеано креираат слики како кога луѓето одат во театар и се забавуваат…..Можеби и соништата се празни слики,можеби ние сме само забава за соништата?“

Авторите благодарни на организаторите и публиката што ги испочитува нивното авторство и дела, се обратија со објаснување секој од свој аспект за мотивите, авторските пориви, емоциите и среќата што литературата им ја дава а тие се обидуваат да ја пренесат на публиката.

Промоцијата се одржа во просторот на Бифе Тафталиџе а делови од книгите читаше Саша Шотаровски.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.