13. издание на Звуци на чаршијата, ќе започне со настанот “Чаршијата инспирација во литературата“

977

Традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“ ќе се одржи во старото градско јадро на Старата скопска чаршија на 16, 17 и 18 септември (понеделник, вторник и среда). Целта на манифестацијата е да ја заживее чаршијата преку настани од сите жанрови, литература, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети.

Старото јадро е културен и духовен споменик на градот, а намерата на организаторите е да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес.

„Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација, која годинава се одржува по 13 пат, со идеја да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини. Таа придонесува кон континуираните активности на градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.

Манифестацијата почнува на 16 септември (понеделник) во 14 часот на плоштадот Скендербег со настанот „Старата скопска чаршија во делата од литературните творци“. Настанот е замислен како средба на пет различни генерации поврзани преку пишаниот збор. Водител на настанот е младата Марија Јанчевска , а  авторот и новинар Жаклина Мучева ќе зборува за делата „Ала турка -ала франга-модата во Скопје и Битола од крајот на 19 и почеток на 20-ти век “ од дизејнерот Елена Максимвска, која првите свои инспирации ги црпела токму од занаетите како кујунџискиот, срмаџиски, ткајачкиот и чевларскиот во чаршијата и романот “Бојана на Тодор“ традиционално четиво на авторот Божана Тренческа. Сето тоа испреплетено со звуците од виолината на виолинистката Ени Вучидолова. Настанот ќе потстети на почетоците на Старата Скопска чаршија, нејзиниот раст и развој и нејзиното битисување со векови .

Потоа,истиот ден од 18 часот следува изложбата на фотографии на чаршијата, дела на Арбнора Мехмети и Зоран Шекеров која ќе биде поставена на Камениот мост.

Како и изминативе години кога  на ‘Звуците на чаршијата’ учествуваа многу познати пејачи, уметници, танчери, аниматори, познати групи, македонски, албански, турски, ромски, во духот на идејата на манифестацијата, да биде мултикултурна. КИЦ – Скопје, освен на реномирани уметници им дава шанса и на дебитанти, кои токму тука, на ова место, на оваа манифестација ја започнале својата кариера. Така и ова година целта на проектот е презентација на различните традиционални уметности, традиции и култури во Македонија. Со еден збор, ова е зближување и подобро запознавање меѓу етникумите во земјата, значи доближување до граѓаните преку културата“, велат од ЈУ Културно-информативен центар -Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.