Почетна МУЗИКА Забавна Музика Се потсетуваме на славниот Тодор Бојаџиев

Се потсетуваме на славниот Тодор Бојаџиев

37

Според православниот календар денес е Тодорова сабота, ден кој се нарекува и празник на љубовта, затоа што на овој ден кој се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка, младите се бендисувале меѓу себе и кај многу од нив се раѓала љубовта.

Во име на славениците кои се викаат Тодор, но и Тодорка Божидар и Тео, што значи дар од Бога, се потсетуваме на еден музички великан од поновата македонска музичка историја, кој го носи тоа име, и кој со многу љубов остави дела кои траат, а со својата угледност, личен интегритет, професионалност и посветеност на сите животни полиња, остави авторитет за кој се раскажува.

Станува збор за големиот и незаборавен македонски композитор Тодор Бојаџиев, роден во Скопје, на 25 ноември 1948 година.

Славениот автор на многу македонски евергрини беше и композитор, аранжер и пијанист, како хоби а по вокација и професија доктор специјалист.

Своето композиторско деби го имал на фестивалот во Суботица, Младина ‘72, со песната „Спомен мој далечен“. Како автор учествувал и на повеќе изданија на Скопскиот забавен фестивал, на кој добивал и награди (1975, со песната „Бакни ме“; 1976, „Те љубам“; 1977, „Кажи ми“). Учествувал и на други македонски фестивали.

Напиша и музика за неколку театарски претстави.

На полето на класичната музика создаде десетина композиции, главно, во периодот 1997- 2006 година.

Во 2005 го издаде авторскиот албум „Ѕвездени ноќи“, со 15 инструментални композиции.

Бојаџиев го напушти овој свет на 30 декември 2009 година, а песните го надминуваат неговиот телесен живот и траат и ден денес и се пренесуваат на новите генерации.

За неговото дело може да се сретнат повеќе податоци во книгата “Македонска енциклопедија” од Марко Коловски, како и во интервјуата објавувани во весниците “Вечер”, “Утрински весник”, “Екран” и во архивски снимки на Македонска телевизија.

Музичката традиција на светско ниво ја продолжи неговиот син Дуке Бојаџиев, а талентот го наследија и сите негови внуци, од синот Дуке и ќерката Билјана, од кои внукот Тео Бојаџиев го наследи и неговото име.

Се посетуваме на само неколку од мноштвото негови песни.

 

 

 

 

 

 

 

 

vcGplIEphbmtvIFV6dW5vdiA%3D

metropolis-big