Величествена промоција на алманахот “Поезија за Македонија”

212

Здружението хуманитарно културен Феникс од Скопје во со-организација со Универзитетот Скопје, на 20 март 2024 година, организираше промоција на алманахот “Поезија за Македонија”, која се одржа во салата на самиот Универзитет.

Водители на промоцијата на “Поезија за Македонија” и воедно свечена програма беа организаторката Билјана Челик и Лилјана Стоилковска.

Присутните ги поздравија претседателката на Здружението Феникс м-р Билјана Челик и ректорот на Универзитетот Скопје проф.д-р Аце Миленковски.

Тие врачија постхумно признание за животно дело на Виолета Сековска и Петре М. Андреевски. Признанието за Виолета Сековска го прими нејзината ќерка Сара Сековска, а за Петре М. Андреевски признанието го прими неговиот син Андреевски.

Избор поезија од Петре М. Андреевски прочита м-р Билјана Проеска.

Стиховите објавени во Третиот алманах “Поезија за Македонија” рецитираа авторите: Александар Трпчевски, Анета Стефковска, Билјана Грозданоска Ѓореска, Билјана Проеска, Билјана Челик, Благојка Филипчева, Вангел Божиновски, Божа Трајковска, Весна Јовановска, Викторија Велева, Виолета Ачкоска, Гора Анчевски, Даниела Царулеска, Дејан Петанчевски, Драгана Рајкова, проф.д-р Зендел Абедин Шехи на турски јазик во препев на Родне Зафировска, Елизабета Павловска, Валентина Ѓоргиевска Парго рецитира стихови од Ѓорги Ѓоргиевски Ѓе. Ѓе., Димитар Јовчев Огражденски, Елизабета Питулкова, Лии Намдаг Јанчивин на монголски јазик и препев на македонски, Емилија Гелева, Јован Миновски, Јован Башевски, Јован Мазгански, Катерина Сирма Митковска, Лидија Лучко Јеремиќ на српски јазик со препрев на македонски јазик, Сара Џелили од Албанија, Лила Тодоровска, Македонка Чадиноска, Маја Славева, Мендо Димовски, Мирјана Русевска, Томе Велков, Хорбај Драшко Орце, Оливера Јовановска, Сафет Камбер на ромски јазик со препев на македонски јазик, професор д-р Ванѓа Радевска на влашки јазик со препев на македонски јазик, Стефан Николов на влашки јазик со препрев на македонски јазик, Томислав Јовановски, Нина Николовска и Љиљана Тричковиќ.

Пред присутните настапија Круме Спасовски, Јулија Мациевска со “Заветна“ и “Божји благослов” и гитара придружба на Михаил Мирчевски, како и Вокално пејачката група “Грамостењ” со песните “Дванаесет млади тргнале во војна” и “Сношти те гледав како плачеш на пенџере”, а со перформанс “Манданата” се претстави актерот Перо Цаца.

Поезија од Јане Ченто, Горан Ангелов Ќосето и Вилијам Михајловски Гајда рецитираа Билјана Челик и Светозар Филипов, а преформанс за “Македонија” изведе поетесата Лилјана Стоилковска.

За вечен помен и спомен на 111-годишнината од Букурешкиот договор, пред присутните со “Аманетот Македонски“ се обрати претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

На промоцијата беа присутни и претставници на Патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ, поранешниот амбасадор на Република Македонија Ристо Никовски, почесниот конзул на Монголија во Република Македонија Лии Намдаг Јанчивин, претседателот на Партијата на Власите Стерија Костовски и Севдија Абдулова.

Ова е трет алманах, првиот алманах “Хероите на Македонија“ беше издаден по повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба со поддршка на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, а промоцијата ја имаше на 25 октомври 2023 година во Домот на културата на општина Ѓорче Петров.

Вториот алманах “Хероите на Македонија” беше промовиран на 29 декември 2023 година на овој Универзитет. И првиот и вториот алманах беа посветени на јунаците и борците за слободна, самостојна и независна Македонија од подалечното и поблиското минато.

(Фото- ФБ профил на Тодор Петров)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.