Почетна КУЛТУРА Театар Утревечер свечено затварање на 59.издание на Охридско лето со претставата „Одисеј“

Утревечер свечено затварање на 59.издание на Охридско лето со претставата „Одисеј“

765

Утревечер, од 21 часот на Античкиот театар во Охрид, со театарската претстава „Одисеј”  од Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски, ќе биде затворена програмата од годинешното 59. издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Оваа претстава е направена во копродукција на шест различни театарски групи: групата на Раде Шербеџија од Бриони, Гавела од Загреб, Словенско народно гледалишче од Марибор, Ателје 212 од Белград, Српско народно позориште и Стеријино позориште од Нови Сад, како и Театар на навигаторот од Скопје a во неа учествуваат десет актери од Скопје, Љубљана, Белград и од Загреб.

Во „Одисеј“ игра и Никола Ристановски, во улога на водител на група музичари (членовите на македонската група „Фолтин“), преку чии песни се прераскажуваат настаните, додека тие ја менуваат содржината со тек на времето, зависно од политичките состојби на теренот.

После 40-тина  вечери, со најразлични музички, сценски и театарски настани, завршува годинешното издание, во пресрет на големиот јубилеј 60 години на најпрестижниот фестивал во Македонија и еден од трите најдобри во Европа.

До следната  2020-та година!

metropolis-big