Збор, два за Куларт.мк

28

Подолго време размислував дали да напишам збор, два за Куларт.мк и неговото петгодишно опстојување или не.

Сепак решив да напишам, водејќи се од онаа мисла: “Подобро да направиш нешто и да не успееш отколку да не направиш ништо“.

Пред пет години на 21 март 2019 година, со првите текстови, во етерот се појави Порталот куларт.мк. Единствена цел и идеја од која не отстапивме беше да се пишува исклучиво за културата, уметноста, образованието, едноставно животот без сензационализми и политика. И во тоа сеуште успешно опстојуваме.

Имавме објективни пехови. После нецела година кога почнавме да растеме дојде короната и во тој двегодишен период опстојувавме. Па дојде посткороната и веќе се сторија пет години, во кои си создадовме верна читателска публика.

Она што не успеавме да создадеме и матерјална сигурност на Порталот, па тој опстојува со упорноста и професионалноста на неколкумина искусни новинари и автори меѓу кои најупорна е Валентина Георгиевска-Парго – уредник на Порталот а и Филип Димкоски кој направи и одржуваше многу рубрики.

Сега како понатаму?

Досега храбро чекоревме сами без матерјална поддршка  ни најминимална и никогаш не признавме дека имаме потреба од помош. Но, нештата мора да се менуваат па и ние.

Како Маркетиншки да го насочиме Порталот за да опстане  и се развие во поквалитетна насока? Прашањето е сега!

Секоја помош во било која форма е добредојдена.

Ве  очекуваме!

 

М-р Татјана Гогоска

основач и главен и одговорен уредник на КулАрт.мк

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.