Ќе биде ли дисквалификувана песната „October rain“ од Евровизија 2024?

17

23 Февруари, 2024

Деновиве во евровизиската жижа влезе темата на која се дискутира, дали организаторите на Евровизија ќе ја дисквалификуваат песната на Израел со наслов ” October rain” што ја пее Еден Голан, по тврдењата дека текстот на израелската песна се однесува на нападите на Хамас на 7 октомври.

Според весникот Israel Hayom, во текстот се пее : „Нема повеќе воздух за дишење“ и „Сите тие беа добри деца, секој од нив“. Во песната се споменува и „цвеќиња“, за кои весникот објави дека е воен код за воени жртви.

Претходно се појавува петиции со кои се бараше Израел да биде отстранет од настанот поради војната во Газа, но ЕБУ, кој го организира овој музички натпревар, го опишува како неполитички настан, соопшти дека е одлучено Израел да учествува.

Евровизијата ќе се одржи во мај во Малме.

Портпаролот на Евровизија рече дека ЕБУ моментално е во процес на внимателно разгледување на текстот.

„Сите радиодифузери имаат рок до 11 март официјално да ги достават своите апликации. Доколку песната се смета за неприфатлива од која било причина, радиодифузерите потоа имаат можност да достават нова песна или нов текст, во согласност со правилата на конкурсот“, се вели во соопштението.

Министерот за култура на Израел, Мики Зохар, рече дека би било „скандалозно“ да се дисквалификува песната, за која рече дека не е политичка.

-Ја повикувам Европската радиодифузна унија да продолжи да се однесува професионално и неутрално и да не дозволи политиката да влијае на уметноста, изјави тој.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.