Промовирана книгата „Кој ни го корне коренот!“ од Мендо Димовски

200
На 7. октомври  2022 во Домот на АРМ во Скопје беше промовирана на колумнистот  Мендо Димовски, со колумните кои излегуваа во “Слободен печат”. Таа носи  наслов „Кој ни го корне коренот“
Низ содржината на ова дело провејуваат прашањето и чудењето за тоа навистина што ни се случува барајќи излез да се надминат негативните појави и државата да застане на здрави нозе.
„Потребни се темелни промени на нашите вредности, на концепцијата за дејствување и однесување. Но сѐ уште недостасува организирана храброст и смелост за да се создаде нова„ активна и нестрплива надеж“ и да се најде потенцијал и можност за акција однатре. Таа сила е во нашето обединување и единствено дејствување.Така сигурно ќе го зачуваме идентитетот и јазикот, а ќе ни остане и зборот и говорот наш македонски, како што ни остави аманет Конески: Вековно и пеколно безвременски да го чуваме јазикот свој македонски. Но, кој сега ни го одзема зборот, нѐ замолчува и ни го корне коренот!“, прашува авторот.
Книгата беше промовирана во Домот на АРМ во Скопје, а промотор  беше рецензентот Бранко Героски, поранешен главен и одговорен уредник на „Слободен печат“, додека стихови од Димовски читаше познатиот поет Горан Ан;евски.
Ова е седма книга со потпис на овој автор.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.