Почетна КУЛТУРА Литература Објавена книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ 

Објавена книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ 

42

На 14 јуни со почеток во 20:00 во Кафе Ли ќе биде промовирана книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ од м-р Ана-Марија Бранѓолица во издание на „Фуснота“.

Промотор на книгата е Душко Крстевски.

Главен уредник на книгата е Драгана Евтимова.

Дизајн на корица изработи Мите Спасовски.

Предмет на истражување во научниот труд на Ана-Марија Бранѓолица е феноменот на баењето, како интегрален дел од македонската народна култура, а опсервацијата на баењето како магиски обред вклучува детално истражување на обредните постапки и реквизити што ги применува лицето што бае и што раководи со обредот. Една од клучните цели во истражувањато на Бранѓолица е да покаже дека баењата претставуваат централна сила во исцелувателската улога, каде што баењето како севкупно истражување има своја логика и своја поетика, па оттука произлегува и главната цел на овој исклучителен научен труд на авторката. Токму затоа, научното истражување на Ана-Марија Бранѓолица заслужува посебно внимание во нашата книжевност и во нашиот простор кај читателите, а особено добива свој простор за понатамошна дискусија., вели Душко Крстевски.

Книгата ќе биде достапна за продажба на промоцијата по промотивна цена, а потоа и во книжарниците.

metropolis-big