Португалскиот филм „Иста крв” го затвора годинешното издание на МФФ Киненова

3
Годинашното издание на МФФ Киненова покрај ирската и полската кинематографија, во фокусот го става и португалскиот филм преку програмата „Боите на Португалија” во рамките на која се поместени филмовите „Иста крв” (Sangue do Meu Sangue/Blood of My Blood) и „Табу” (Tabu).
На филмофилската јавност, португалската кинематографија и е позната главно по делата на легендарниот Маноел де Оливеира и достигнувањата на претставниците на т.н. новиот филм од шеесетите. Во последните две децении португалската кинематографија почна да доаѓа во центарот на европското и светското внимание, а во зората на новата есенска сезона Киненова донесе автори и филмови кои приредија вистинско позитивно изненадување.
Вечерва во Кинотеката на Северна Македонија е проекцијата на филмот „Иста крв”(Sangue do Meu Sangue/Blood of My Blood). Сценарио и режија Жоан Канижо (João Canijo). Улоги: Рита Бланко (Rita Blanco), Анабела Мореира (Anabela Moreira), Клеја Алмеида (Cleia Almeida).
Филмот прикажува обично семејство кое живее во предградието на Лисабон  и гледа како спокојството на нивните животи се разнишува во рок од само една недела.
Прикажан е на повеќе фестивали, на кои е наградуван: CinEuphoria Awards 2012 – Absolute winner, Crossing Europe Filmfestival 2012 – New Vision Award, Golden Globes, Portugal 2012 – Best Film, Best Actor,  San Sebastián International Film Festival 2011 – FIPRESCI prize.
Жоао Канижо е режисер и сценарист. Роден е на 10 декември 1957 година во Порто. Досега ги снимил филмовите „Иста крв” (2011), „За љубовта” (2013) и „Во темнината на ноќта” (2004).
„Табу” (Tabu), пак, е филм кој говори за една неуморна пензионерка која се здружува со слугинката на нејзиниот починат сосед за да побара човек кој има тајна врска со нејзиниот минат живот како сопственик на фарма во подножјето на планината „Табу” во Африка.
Сценарио и режија Мигуел Гомеш (Miguel Gomes), улоги: Телмо Чуро (Telmo Churro), Мигуел Гомез, глас (Miguel Gomes, voice), Хортенсилио Акиња (Hortêncílio Aquina).
Филмот ја добил наградата на Фипресци во Берлин во 2012 година, French Syndicate of Cinema Critics 2013  – Critics Award, Las Palmas Film Festival 2012 – Audience award, Silver Lady Harimaguada и Portuguese Film Academy Sophia Awards 2013 – Best Film, Best Editing.
Мигуел Гомеш е режисер и сценарист. Роден е 1972 година во Лисабон, познат по филмовите „Арапски ноќи 2 и 3″ (2014, 2015), „Табу” (2012) и „Нашиот омилен месец август” (2008).
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.