“Еразмус ден” во Гевгелија

4

На 15 октомври, 2022 година (сабота), во просториите на Регионалниот центар за одржлив развој , со почеток во 12 часот, ќе биде спроведена информативна сесија „Еразмус ден“. На инфо- сесијата се поканети да учествуваат средношколци и студенти од општина
Гевгелија, на која ќе имаат можност да бидат запознати со Програмата Ерасмус, начинот на аплицирање, но и да ги слушнат искуствата на средношколци и студенти кои веќе биле дел од образовната програма. Инфо-сесијата се спроведува во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на одбележувањето на Деновите на Еразмус.
„Еразмус+“ е Програма на Европската Унија наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во Европа. Целите на Програмата во областа на образованието и обуката се: унапредување и поддршка на образованието на сите нивоа, зајакнување на врската меѓу формалното, неформалното и информалното образование и учење; подобрување на соработката меѓу образованието и пазарот на трудот; создавање на додатна вредност за европско образованиие и европско димензионирање на образованието; поддршка на соработката помеѓу земјите кои учествуваат во дефинирањето на образовните политики.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.