Промовиран алманах со творби на македонски и српски јазик

50

Во организација на Здружението на просветни работници литературни творци на Македонија, во саботата на 17 февруари 2024 година се одржа несекојдневна манифестација- промоција на најновиот алманах „Божиќни песнички стихозбор/ Божиќна стихозбирка“ издадена од Здружението “Дунавски венац” од Белград, а за издавачот е Боривое Боро Живаљевиќ.

Книгата е битна оти прв пат се издава паралелно на двата јазика српски и македонски, ни изјави поетот Јован Мазгански и објаснува повеќе:

-Литературните творби се препеани на другиот од авторовиот јазик, од Благојка Филипчева и Даниела Цветановиќ. Со овој чин се потврдува признавањето и посебноста на јазиците од двата пријателски народа- Српскиот и Македонскиот, а од друга страна заедничката Православна вера која што се практикува со милениуми…

Книгата содржи околу 250 страници со над 100 литературни творби, од 60 автори од Србија и Македонија, препеани праралелно и на двата јазици.

Мазгански смета дека овој документ е битен од повеќе аспекти: како пријателската соработка на две невладини организации од областа на литературното творештво, почитувањето на посебноста на двата јазика, заедничките традиционални верски определби но и, ентузијазмот на авторите и издавачите, кои без никаква државна помош успеваат да создадат важен литературен документ, кој што ќе остане како сведок на пријателство, почитување, самопрегор…

Најзаслужни за сето тоа се Претседателот на здружение на писатели “Дунавски венац”, Боривоје Живаљевиќ, од Белград и претседателот на Здружението просветните работници- литературни творци на Македонија Благојка Филипчева.

Ако се земе во предвид трудот околу прибирањето на авторските дела, нивниот превод/ препејување, подготовките за печатење, но и свечените промоции, може да се оцени несебичноста и посветеноста на претседателите на двете здруженија.

Голема е почитта за Македонија, оти за прв пат промоција се одржува и во Македонија- Скопје, со присуство на 20 поети од пријателска Србија.

-Настанот се одржа во Универзитетот Скопје, без никакви обврски по организаторот, за што заслужува посебна почит кон Универзитетот

Уште еднаш да напоменам, дека таквата организација, не бара само огромно ангажирање и време на организаторот, туку и вложување свои финански средства. Како и да е, гостите од Србија изјавија оти се презадоволни од приемот во Скопје, и се спремни за понатамошна плодна соработка, макар и без помош од државните институции.

Пак самоиницијативно од авторите учесници и посетителите на главните „виновници“ за ова издание и промоција Благојка Филипчева и Боривое Боро Живаљевиќ и беше врачена благодарница, на чија позадина се голем број потписи на автори учесници во Алманахот.

Да се надеваме дека ова соработка и понатаму ќе продолжи, а во иднина ќе се обезбедат барем минимални општествени средства за најнеопходните трошоци на организаторите на настаните, вели Мазгански.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.