Почетна КУЛТУРА Опера и балет Распродадени билетите за Гала оперски концерт по повод „Василица“

Распродадени билетите за Гала оперски концерт по повод „Василица“

36

Распродадени се сите билети за Гала оперски концерт по повод празникот„Василица“ , информираат од НОБ.

На 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт по повод верскиот празник Василица.

– Под диригентската палка на гостинот од Канада, Клод Лапалм, врвен диригент, добитник на голем број престижни награди и признанија, а во режија на Дејан Прошев, ќе настапат нашите врвни оперски солисти: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет. Концерт- мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Евтимова– известуваат од НОБ.
Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В. А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други.

metropolis-big