Во тек е “Битола Шекспир фестивал”

32

БИТОЛА, 27 јуни 2022

На сцената на Народниот театар во Битола, во тек е фестивалот базиран на делата на големиот Вилијам Шекспир, и ќе трае до 30 јуни.

Мото на фестивалот е „Thought is free“ во превод “Мислата е слободна” , преземено како цитат од претставата „Бура“ на Шекспир.

По двегодишна пауза се одржува  “Битола Шекспир фестивал“, и на него ќе настапат театри од Полска, Црна Гора, Албанија, Италија и Бугарија.  Оваа година буџетот е 1.6 милиони денари, од кои еден милион од Министерството за култура, а 600.000 денари од Општина Битола, изјавија на средбата со новинарите, пред самиот почеток на фестивалот  соопштија Лина Чоревска  уметнички директор на фестивалот и Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.

Честа да го отворат осмото издание на „Битола Шекспир фестивал“ им припадна на актерите од Драмскиот театар „Александар Вегиерко“ од Бјалисток, Полска, со “Макбет“ од Шекспир во режија на Грегор Суски.

Ова е еден одличен театарски фестивал, во кој битолчани може да уживаат во врвните дела на неповторливиот генијалец Шекспир.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.