Во Крушево – Хуманитарен настан во чест на Точ

41

“Детска Насмевка за овој Свет”
– хуманитарен настан во чест на животот и делото на Тоше Проески. Настанот ќе се одржи во амфитеатарот во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево на 29-ти јуни. Тоа е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име.

За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем.
Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија.
Хуманитарниот концерт е во организација на “Play Without Boundaries” во соработка со спомен киќата на Тоше Проески.
Play Without Boundaries – PWB (Игра Без Граници) е хуманитарна непрофитна организација која е регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески.
Од нејзиното постоење, PWB има организирано повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова е првиот од низата хуманитарни концерти кои се планираат во Македонија.
Ве покануваме и очекуваме да ни се придружите на оваа незаборавна ноќ, славејќи и уживајќи во духот и музиката на Тоше и неговата љубов кон децата.
Повторно заедно да го доживееме “Ѕвезденото Небо” на Тоше!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.