Почетна УМЕТНОСТ Изложби Ателјето за цртање и сликање со изложба во Ко- Ра!

Ателјето за цртање и сликање со изложба во Ко- Ра!

69

Учебната година Ателјето за цртање и сликање ќе ја заокружи со изложба на која со свои дела ќе се претстават учесници кои во текот на годината го посетуваа Ателјето и ги учеа ликовните вештини.

На оваа изложба ќе се претстават 87 учесници, деца, млади и возрасни, посетители на Курсевите за цртање и сликање, Курсевите за апстрактно и интуитивно сликање, калиграфија. Ова е седма по ред учебна година на Ателјето.

На свеченото отварање на сите учесници ќе им бидат врачени дипломи за напорната работа што ја вложија во текот на изминатата година.

Сите сте поканети да дојдете и да ги погледнете уметничките дела создадени во нашето Ателје.

Отварањето на изложбата и свеченото доделување на дипломите ќе се одржи во 20ч на зелениот покрив на Домот на култура Кочо Рацин во Скопје (Дом на градежници), а уметничките дела ќе бидат изложени во салонот Сутерен.

metropolis-big