Изложба со слики на АН и песни посветени на безвременската уметница

20

На 15 мај 2024 во културниот дом во Кавадарци се одржа постхумна изложба на 20 слики со големата и во светски рамки реномирана ликовна уметница Андријана Мациев и промоција на два Алманаха со поезија и проза посветени на АН, односно пораки на живиот ангел небесен кои поетите ги преточија во пишан збор.

Настан кој беше концепциски маестрално замислен и беспрекорно реализиран од нејзината мајка Јулија Мациевска, која накратко говореше за АН, сведоштва…и ги почести присутните со нејзините безвременски песни од кои блика вера, љубов, надеж…

Настан за кој многу може да се пишува но сижето е:

-АН е жив Ангел небесен кој ја шири љубов во милион бои, таа нѐ продуховува и вибрира околу нас со цел да ја реализира што е можно посовршено нејзината мисија. Таа е љубов, хармонија, безвременост, вера, надеж, вака го објаснија својот мотив за посетените песни, поетите и поетесите застапени во алманахот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.