Медална скулптура на Надја Розева во Чифте амам

13

На 11 април 2024 година, четврток, во 19:30 часот, во Чифте амам ќе биде отворена изложба на уметнички медали и други дела на Надја Розева. Медалните скулптури се создадени помеѓу 2003-2024 година. Ова е прва изложба од ваков вид во нашата земја и ќе го насочи вниманието на јавноста кон интригантниот жанр на уметничкиот медал. Розева во својата изложба вклучи еден од архитектонските и културните симболи на Скопје- Старата пошта со идеја да го насочи вниманието на јавноста кон итната потреба од нејзино реставрирање. Изложбата ќе трае до 7 мај 2024 година.
Розева е уметник и дизајнер, кој работи во областа на медалната скулптура, јувелирството и продукцискиот дизајн. Таа е студентка на проф. Богомил Николов, кој од неодамна е прогласен за почесен доктор на Националната академија на уметности (НХА) во Софија и е добитник на најпрестижната светска награда за медална скулптура на Американското нумизматичко здружение „Салтус“. Розева почнала да изработува медална скулптура пред повеќе од 20 години по завршувањето на постдипломските студии по маркетинг на Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси, САД. Во 2003 година, таа беше поканета да учествува на работилницата за медална скулптура на проф. Николов во студиото за медална скулптура во Националната академија на уметности (НХА). Работела од далечина под негов надзор неколку години, а потоа магистрирала на одделот „Медал“ на НХА. Розева има неколку специјализации за Издаваштво на Универзитетот во Њујорк – New York University (2000), Културна дипломатија (International Institute for Cultural Diplomacy), Берлин (2015), Културен менаџмент на Виена Унивезитат – Wien Univesitat (2019). Во текот на времетраењето на изложбата, Надја Розева ќе има презентација и ќе одрши предавање за жанрот на уметничкиот медал, како и ќе одржи работилница со студенти од различни универзитети.
Делата на Надја Розева се откупени за постојаните збирки на Британскиот музеј во Лондон, Кралскиот кабинет за монети, Стокхолм, Шведска, музејот Берген на Универзитетот во Берген, Норвешка, Националната уметничка галерија, Софија, Бугарија, Музејот на монети и Медали во Кремница, Словачка итн.
Медалот започнал да се изработува како независна форма на уметноста во 15 век, при што италијанскиот сликар Пизанело (околу 1395-1455) се смета за негов татко. Медалот нема парична вредност, но историски е поврзан со монетите. Медалот е уметност за допирот на раката. Се колекционира низ целиот свет и од приватни колекционери и од музеи и галерии, а најголемите колекции се наоѓаат во Британскиот музеј, музејот “Викторија и Алберт”, Музејот на историјата на уметноста, Виена, Националната галерија на уметноста, Вашингтон и многу други.
За време на првиот карантини во времето на епидемијата, Розева напиша сценариja и го продуцираше краткиот документарен филм „Медалот“, кој исто така ќе биде прикажан на изложбата. Филмот има за цел да ја запознае јавноста со уметноста на медалот, што е нејзина мисија во изминатите 20 години.
Престижниот меѓународен филмски фестивал „Master of Art “ го избра филмот „Медалот“ за отворањето на неговото пролетно издание во 2021 година. Надја Розева е автор и на големата награда на бугарскиот филмски фестивал „Златна роза“ на Националниот филмски центар. Како бижутер таа ги создаде сребрените брошеви за Women’s Business Forum на списанието Forbes (2022, 2023), сребрениот брош за поддршка на жените жртви на семејно насилство на Фондацијата Emprove (2023) итн.
Надја Розева е автор на повеќе самостојни изложби и бројни учества на групни изложби во Сејшели, Софија, Колорадо Спрингс, Медисон, Њу Хевен, Темпе, Глазгов, Лувен, Отава, Токио, Фиренца, Братислава, Кремница итн.
Таа е член на ФИДЕМ – Меѓународната федерација на уметнички медали, како и почесен член на Словачкото здружение за медали.

Фејсбук: https://www.facebook.com/NRGJewelry
Фејсбук: https://www.facebook.com/ArtMedalsNRG
Инстаграм: https://www.instagram.com/nrg.jewelry/
Инстаграм: https://www.instagram.com/nadia.rozeva.artmedals/

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.