16 август 1977 – Почина Елвис Присли, Кралот на рокенролот

2165

На 42 годишна возраст од предозираност со дрога, на 16 август 1977 почина ненадминливиот Крал на рокенролот Елвис Присли во својот дом во Грејсленд.

Елвис Арон Пресли  Elvis Aaron Presley (8 јануари 1935 -16 август 1977 ), исто така познат како Крал на рокенролот , или едноставно како Кралот беше американски пејач чиј ефект на светската популарна култура преку рокенролот музиката , може да се спореди само со оние на Битлси и Мајкл Џексон.

Ја почнал својата кариера под името Хилбили Мачорот и набрзо добил прекар Елвис Прислизаради неговиот сексуално сугестивен стил на изведба. По бројот на продадени плочи, постигнувањата на Елвис се феноменални и го надминуваат секој друг музичар.

Роден во Тупело, Мисисипи, Пресли се пресели заедно со неговото семејство во Мемфис, Тенеси на 13 годишна возраст. Тој таму ја започна својата кариера во 1954 година, работејќи со сопственикот на „Sun Records“, Сем Филипс, кој сакаше да го прикаже звукот на афро-американската музика на пошироката публика. Придружуван од гитаристот Скоти Мур и басистот Бил Блек, Пресли беше најважниот промотор на рокабили, фузија со брзо темпо на кантри музика и ритам и блуз. АРК Виктор му понудија договор во соработка со полковникот Том Паркер, кој го менаџираше пејачот повеќе од 2 децении. Првиот АРК сингл на Пресли „Heartbreak Hotel”, издаден во Јануари 1956 година, беше број еден хит.

Тој стана водечка фигура на новиот, популарен звук на рокенролот, со повеќе појавувања на национални ТВ мрежи и рекорди на топ-листите. Неговите енегрични изведби на песните, повеќето со афроамериканско потекло и неговиот немирен стил на изведба го направија доста популарен и контроверзен. Во Ноември 1956, тој го направи своето филмско дебитирање со „Love Me Tender“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.