сабота 14 декември, 2024

Светски атрактивни градови на кои им се заканува опасност од исчезнување

Џакарта, главниот град на Индонезија, град кој привлекува со својата големина во просторна и архитектонска смисла но и со својата разноликост и се заканува иsзчезнување. Според некои експерти во оваа област делови од Џакарта поради потопување од се почестите поплави, што не треба да изненадува имајќи предвид дека се наоѓа во мочурлива област i дека низ неа поминуваат 13 реки и ја заплискуваат брановите на Јаванското Море. Поради сето наведено, моментно главен проблем е како да се спаси градот бидејќи тој полека тоне, а експертите предвидуваат дека до 2050 година неговите поединечни делови може да бидат целосно потопени.

Градот не може да добие доволно вода од околните резервоари вода за пиење, а граѓаните се принудени да се потпираат на длабоки бунари и да црпат вода под сопствените нозе. Како резултат на тоа, подземните резервоари се распаѓаат и со тоа го снижуваат тлото.

 

Венеција и нејзините познати канали одамна тонат, така што туристите сè почесто ги обиколуваат знаменитостите на главниот плоштад Свети Марко во чизми.

Њу Орлеанс, во американската држава Луизијана, познат по својата музика, храна и ноќен живот, е исто така на листата на градови на кои им се заканува опасност да бидат поплавени.

Опасност од исчезнување им се заканува и на Дака во Бангладеш, како и на Хо Ши Мин во Виетнам.

Сите овие градови се на листата на Топ 20 најинтересни дестинации во светот за посета, за што сведочи и огромната туристичка посета. Колку ќе се остварат предвидувањата за нивните потопувања, останува да покаже времето.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }