6. април 885 година – Во Велика Моравија се упокоил големиот просветител Свети Методиј

1343

На 6.април 885 година  во Велиград, Велика Моравија (денешна Чешка) умрел и таму е погребан големиот просветител Свети Методиј.

Св. Методиј Солунски (825 Солун – 885, 6.април-Голема Моравија ) — сесловенски просветител и постар брат на КОнстантин Филозоф (Кирил).

Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на старословенски најпотребните богослужбени книги и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станаа најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура.

Со само 20 години Методиј, син на богатото семејство на Лав и Марија, многу млад се стекнал со слава во византиската армија и веќе бил познат и на царскиот двор во Цариград . Бил споредуван со Самсон (според силата) и  Исус Навин (со решителноста) која ја имал на бојното поле и бил награден од царот со војводски чин и го именувал за кнез во брегалничката област во 845 година.

Брегалничката мисија на Методиј била да воспостави ред и да го наметне духовното и кулутурното влијание на Византија  кај Словените-Струмјани, од источните краеви на Македонија .

Најмалиот брат на Методиј бил Константин кој се втурнал во водите на филозофијата, лингвистиката и мисионерството.

Активноста на Методиј била насочена пред се кон воспоставување и зацрвстување на врските со Струмјаните, но не со силата на мечот туку преку придобивањето на ова моќно словенско племе. Долгогодишната работа на Методиј во овие краишта резултирала со издавањето на т.н  воен законик напишан на словенски јазик со грчки букви . Законикот претставува првиот словенски пишан споменик во историјата.

Основниот проблем било неразбирањето на грчките букви од страна на Словените и неможноста старословенскиот јазик да се преточи со грчката азбука.

Постариот брат Методиј (825-885), според византиските обичаи, требало да го следи животниот пат на својот татко. За тоа бил даден да се школува во училишта во кои слушателите главно се здобивале со воени знаења и се подготвувале за стекнување високи световни кариери. Методиј бил физички добро граден а покрај тоа и доста мудар. Тоа му овозможило уште на млади години да ги совлада воените вештини. По завршувањето школувањето исполнувал воени должности во рамките на солунската област. Како храбар воин уште млад стекнал голема воена слава. На дваесет годишна возраст бил удостоен од византискиот цар со војводски чин и како таков во 845 година бил испратен да управува со „Словенското кнежество“ чиешто средиште го сочинувале струмичко-брегалничките краишта.

Методиј го управувал словенското кнежество 10 години, од 845 до 855 година . За местоположбата на ова словенско кнежевство постојат повеќе хипотези, меѓутоа најблизу до вистината е дека истото се наоѓало во струмичко-брегалничкиот регион, каде во близина на денешното село Крупиште кај Штип се наоѓал град Равен каде веројатно и било седиштето на кнежевството .Во Методиевото кнежество живееле Струмјаните , кои биле доста немирни. Со испраќањето на Методиј за нивен управител Византија сметала дека тие ќе бидат смирени и претворени во мирни поданици, а тој имал можност и прилика да го запознае нивниот бит, нискиот степен на просветеност и паганските обичаи.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.