6 август 1900/1903 – Објавен “Крушевскиот манифест“

2445

6.08.0190 – Во Битола во т.н „Поп Ставрева афера“ Османлиската власт го затворила а потоа го осудила на робија Даме Груев-еден од водачите на ВМРО Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале , Мала Азија. Во 1903 г. е амнестиран, а потоа ја продолжил својата дејност.

Битолската провала (позната и како Попставрева афера — една од поголемите афери со кој се соочила Македонската револуционерна органиѕација во од 1900 година, а последиците од неа биле значителни, голем дел од истакнатите раководители биле уапсени и затворени, а тоа влијаело врз организациската дејност. Оваа провала била резултат на предавството на поп Ставре, кој одбивајќи да ги вложи во касата на Организацијата  бараните 30 лири прилог, случајот го пријавил во полицијата. Ваквиот чин на предавство бил осуден од Организацијата, а поп Ставре набрзо бил погубен од Битолскиот комитет.

Дамјан Јованов Груев или само Даме Груев (Смилево, 19 јануари 1871-Русиново 23 декември 1906) — македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Возвишуван е како апостол и волјa на револуционерна Македонија.

6.август 1903 е напишан Крушевскиот манифест  и е манифест што го објавила востаничката власт во Крушево за време на Илинденското востание . Напишан е на 6 август , а негов автор е Никола Киров Мајски , иако одредени историски извори како автор го наведуваат Никола Карев . Напишан е на македонски јазик (крушевски дијалект), а потоа, преведен натурски јазик, е испратен во 17 примероци до околните села со чисто или мешано муслиманско население.

Во него околното муслиманско население братски се повикува да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во Македонија. Манифестот наидува на добар прием од страна на муслиманското население, а кметот на селото Алдинци возвратил со порака во која изразува разбирање за мотивите на востаниците.

Текстот на Манифестот прв пат е објавен во драмата „Илинден“ на Никола Киров Мајски во 1923 година.

Фотографии -Википедија на македонски јазик

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.