9 септември 1969- Атина Бојаџи станува првата жена која го препливува Ла Манш

2235

На 9 септември 1969 година, легендата на македонското женско пливање Атина Бојаџи, станува првата жена која го препливува Ла Манш за време од 13 часа и 20 минути.

Атина Бојаџи (родена на 13 март 1944 во Охрид – починала на 28 декември 2010 во Скопје ) — македонска маратонка во пливање. Уште на 11 годишна возраст успеала да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин стил итн.

Таа била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратом одржан во 1962  година. Вкупно двапати била светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, таа до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година со испливување на патеката Капри-Неапол станала светски првак на солени води.

Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година година, за 13 часа и 20 минути (на истиот ден десет години порано и Нико Нестор  го препливал Ла Манш) и со тоа станува првата Македонка, а воедно и првата пливачка од Југославија, која го остварила овој успех.

 

Ламанш ( La Manche) или Англиски КаналEnglish Channel) — Проток на Атлантскиот океан кој го одвојува островот Велика Британија од северна Франција и го спојува Атлантскиот Океан со Северното Море. Долг е околу 563 км, а широк околу 240 км. Доверскиот Проток е најјужниот дел на каналот, кој е широк само 34 км (од Довер до ‘ртот Гри Не) и се наоѓа на најисточниот дел на преминот. За време на Римската Империја, преминот се нарекувал Oceanus Britannicus, а до 1549 година, „Британско Море“.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.