Замина поетот и писател Васил Пујовски – Кога те нема најприсутен/а си тогаш, се стиховите кои го одбележаа неговото авторството

2498

Васил Пујовски е роден на 11 октомври 1946 во Д’мбени, Костурско, со потекло од Егејскиот дел на Македонија. Во време на Граѓанската војна е отргнат од најблиските и со татко му донесен во Скопје, каде растел и се школувал  завршувајќи Филозофски факултет , но преживеаната голгота на растуреното семејство ја носеше длабоко во себе и се обидуваше да ја искаже преку авторството.

Својот професионален век го започнал во Нова Македонија, па во Редакцијата на неделникот „Екран“ од каде дошол во  Македонската телевизија. Во МТВ поминал долг професионален период и неговата работа како пред се Уредник беше врзана за Програмата за деца и млади, секогаш со нови идеи и отвореност за соработка.

Како уредник е потпишан на најпопуларните серии за деца “Шарам-барам“, До-ре-ми,, „Чук,чук, Стојанче “,  „ Втората смена“, Умни глави (прв дел), Во светот на бајките“ (прва и втора сезона) и автор на насловната песна , “Дајте музика” двете продолженија, каде е и автор на текстот зa насловната песна, “Здраво генијалци “……..и многу други. Тоа што го карактеризираше професионално беше, големиот број на идеи што кретаивно ги носеше и отвреноста за сорабока со други автoри, како и можност за напредување на помладите колеги.

Својот работен век го заврши во Mакедонската Телевизија, не прифаќајќи ја насоката по која тргна Телевизиската продукција , сосема обратно од она за што тој се залагаше како автор и уредник. Во еден мандат беше и Програмски директор на МТВ.

Од неговото творештво се издвојуваат делата : „Светот на детскиот сон“ (поезија за деца, 1967), „Пред божји суд“ (поезија, 1969),во издание на Детска радост, „Ајде да се дружиме“ (тв-серија за деца, 1985), „Кралот Кускуле први“ (драма, 1992),која се играше цела деценија на сцената на Театарот за деца и младинци во Скопје, „Дајте музика“ (поезија за деца, 1994), „Прва лига“ (поезија за деца, 1995), „Ѕвездено дете“ (избор поезија, 1999) и „Ѕверка без мерка“ (поезија за деца, 2000), последните негови четири дела се  во издание на Книгоиздателството „Ѕвезда“ (КАТ ПРОДУКЦИЈА) од Скопје.

Од 1968 беше член на Друштвото на писатели на Македонија. За децата секогаш велеше: “Нема лошо дете, возрасните се виновни ако е детето лошо“ , и премногу ги сакаше а во поезијата за нив невозможното реалност го правеше.

После подолго боледување си замина од овој свет, кој верувам дека не го сакаше ваков и затоа лесен пат до Небесното царство.

Почивај во мир !

М-р Татјана Гогоска

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.