ВЕЧЕРВА СПЕКТАКЛ: Оскаровски песни во Скопје 

24

Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, што ќе се одржи наскоро, во Националната опера и балет вечерва, 28 февруари 2024 година, во 20 часот ќе се одржи Оскаровска гала вечер, по прв пат.

Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени од познати поп и оперски пејачи, во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар.

Водителка ќе биде Миланка Рашиќ.

Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев.

Настанот ќе започне со црвен тепих во 19.30 часот.

(Синоќа се одржа генералната проба,  фотограф, Марко Угарковиќ )

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.