Пајак и Антониа со заедничка песна

89

Пред само три месеци на макфестовската сцена беше промовиран сега веќе регионалниот хит “Bella” во изведба на младите Пајак и Лара, за кој ден потоа се промовираше и видео записот за песната која до овој момент брои скоро 10 милиони прегледи на Јутутб. “Bella”несомнено ќе биде најслушаната песна помеѓу двата фестивала.
Овој пат повторно под палката на Урбан Рекордс продукција беше промовирана новата песна и спот за “Habibi”. Се работи за интересна спојка и соработка помеѓу двајца млади, доста талентирани и актуелни артисти како Пајак и Антониа Гиговска.
За само не цели 24 часа, големиот хит во најава “Habibi” е број еден на трендинг листата на јутуб, а под спотот може да ги забележите и коментарите од типот: “Повторно сме горди македонци”, “Пајак ти си вистинско освежување и најдоброто нешто што и се случило на македонската сцена”, “Браво Пајак-твојата мрежа ја плете цела Европа”, “Браво браќа македонци”, “Каквo ремек дело, каква позитивна енергија.” велат од продукцијата.
Текстот и музиката се на самиот Христијан Настески – Пајак, додека пак аранжманот/битот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов-Iwayo.
Спотот е во режија на Били Д, Гордан Божиновски, Никола Наумовски. Продукција и монтажа – Гордан Божиновски, а снимано е во студиотот на Solution +.
Пајак и Антониа во спотот ги гледаме со интерсна кореографија и стајлинг во пакет со сценографијата.
“Одлично искуство беше самото реализирање на целиот проект. Предизвик ми беше да создадам мелодија и текст каде Антониа би се вклопила одлично. Снимањето на спотот помина во многу убава работна атмосфера, нормално и многу смеење и позитивна енергија. Снимањето траеше еден ден во студио во Скопје, но подготовката траеше една недела”, вели Пајак.
-Во прилог погледнете го ексклузивното видео од позади сцената- како се снимаше Хабиби, и линкот од видео спотот, кој мора да признаеме изгледа светски, а танцот на Пајак и Антониа веќе станува вирален на платформата Тик Ток, додаваат од продукцијата

Линкови:

https://www.instagram.com/pajak.ur/

https://www.instagram.com/antoniagigovskaa/

https://www.instagram.com/urbanrecs/

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.