Репортажа за Лисабон- Култура, традиција и љубезност на едно место

1614

Лисабон живее како туристички град. За да го доживеете,  можете да користите автобус, метро или пак најдобро е да се качите во некое од малите коли кои ги возат млади невработени Португалци и ќе ви ги понудат за разглед на градот.

Возењето со нив трае половина час. И не е ни скапо. Го прашувам возачот „колку чини?“, ми одговори: „Бидејќи собира двајца, јас им велам по 5 евра од човек, значи двајцата десет. Ако е еден, тогаш јас му ја кажувам цената дека за еден човек е 5 евра, но во ред би било да ми даде 10, ако сака, љубезено и насмеано одговара возачот. Во сред Лисабон можете да преминете и на црвено и да се движите со замижани очи. Навистина. Можеби нема да ви се верува, но автомобилите се толку спори што и дури кога им е зелено стојат во место, не тргнуваат. И ако пешакот поминува и на црвено. Свирење со автомобил, не слушанав. Едно утро, излегувајќи од прекрасниот апартман во стариот дел на уличката каде бев сместена „Лисабон“, дело на врвни лисабонски уметници, видов дека жена го вози шинобусот по линејката, а еден таксист и беше го затворил патот, влезен да си купи доручек во сендвичарата. Возачката му довикна и почна да му објаснува нешто. Тој излезе ја загледа и се доближа до нејзиниот прозорец. Се напрегнав да видам каков епилог ќе има оваа утринска расправија, таа го отвори прозорот тој и кажа нешто и за неколку секунди си поддадоа рака, се поздравија насмеани и еден на друг и си рекоа Бом диа (Добар ден). Возачот го тргна таксито, шинобусот со насмеани туристи јапонци, продолжи понатаму.

Културата и љубезноста во Лисабон е чиниш нестварна. Повеќе јазици зборуваат сите, од најмладо до највозрасно- шпански и италијански како втор мајчин, англиски совршено, француски уште подобро. Едукацијата за португалците е по се изгледа, задолжителна. Сами си се задолжле со таа обврска. Читаат секаде, најмногу во метро. Таму еден ден чекав метро линија. Пред мене мајка и ќерка со малечко детенце за раче. Тоа си играше на начин на кој само ја пушташе стапалчето кон жолтата линија. Тие му одговараа со„ аааааа“, еден неодобрувачки извик. И колку пати да го повтореше детето, толку пати се слушаше едно мајкино полугласно аааааааа. Нема викотници меѓу граѓаните. Се е најтивко. И секој збор и одговор е проследен со насмевка.

Магија на Лисабон е зачинета со навистина едно од најмагичните места на Планетава. Синтра. Градот на Волшепствата. Градот на шесте замоци. Се што сте замислувале во Вашите фантазии, се што мислите дека има во магичните цртани филмови, сега ќе го најдете тука. Град во близина на Лисабон, на само 30-тина километри, со неколку замоци, како од бајките. Во, чиниш бескрајно долгите редици, домаќините обезбедуваат влез со приоритет за новинар, во случајов за мене. Мислам дека цела седмица е малку да се разгледа што се има на овој волшебен рид. Со трансфер превоз ве носат до највисоките и најатрактивниот замок. Занесени сте, се е блескаво наоколу. Врвулици од луѓе од цел свет, а голема радост во групите постојано сретнувате евровизиски луѓе, фанови а и пејачи. Сите се обземени со магијата. Во големиот парк со високи дрвја, неверојатна убавина, езеро, како во бајки, се штипнувате да се осигурате дали сето тоа е сон или вистина. Неверојатна убавина, која магијата на Лисабон и Евровизија 2018 ја прави божествена и божествена.

Во Синтра се вљубил и еден од најголемите духовници на денешницата, следбеник на Рамана Махараши од Индија, и на ашрам, која вос едумдесеттите години на минатиот век ај посетил по прв пат. И рекол дека- магијата на духот се црпи од ова место. Беше фантастично- Обригада Собрал, Обригада Mарсело, Обригада Руи, Обригада Руи, Обригада Руи.

Прикзаните на Лисабон, главниот град на Португалија ќе ги сретнете насекаде. Треба да запомните само дел од нив, и сами ќе ја напишете вашата приказна и што е најважно ќе ја запаметите.

Забележано во мај 2018-тата од Валентина Георгиевска-Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.