Пепи Бафтировски (1942- 2008) е еден од најголемите фолк легенди со стаменит глас, кој се прослави со настапите на првите изданија на Валандовскиот фестивал, со песните “Друга љубов не сакам”, „Сине мој“, “Ако згрешам нека изгорам”, “Само една песна таговна” а најактуелен во моментов е со “Заветна”.
Во 2003 година со сопругата Ава Керш, исто така естрадна ѕвезда, ќерката Марина и синот Емил, повторно замина за САД, незадоволен од третманот на луѓето од естрадата кај нас, но пред да замине направи импресивен концерт во Универзална сала на која од срце ги пееше своите хитови,омилени кај публиката.
Со неговата прекрасна и сакана сопруга Ава се разделија во 2007 година, но останаа секогаш во добри односи, а по некое време на пејачот му биде диjaгностициpaна тешката бoлecт. Ја изгуби битката со болecта на 25 април 2008 година, на 66 годишна возраст. Неговото вечно почивалиште е во Чикаго.
Пепи е еден од ненадминатите пејачи со извонредна вокална интерпретација и претставува вечна легенда на Македонија со ѕвездена слава и голема моќ и траење.