Александар Божилов од Бугарија и Ива Павловиќ од Србија- апсолутни победници на 4. Стопанска Триоги триатлон

7

21 мај 2024 Скопје: Трка каква што ù доликува на една метропола се случи завчера во Скопје, за време на 4. Stopanska Triogy Triathlon што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ и во околината. Најдобро од триатлнската заедница од регионот му даде посебен шмек на настанот, правејќи трката да биде врвна, поставувајќи нови стандарди. Главен спонзор на трката беше Стопанска лизинг АД Скопје. Наградите во главните категории ги врачија Жарко Кржаловски, директор на Стопанска лизинг и Дарко Костовски, директор на продажба.

Апсолутни победници на трката се Александар Божилов од триатлонскиот клуб „Космос“ од Софија, Бугарија и Ива Павловиќ од Клубот на екстремни спортови „Крагуевац“ од Србија. Второ место во машка конкуренција освои Филип Виленца од клубот „Максимир“ од Загреб, а трето – Борис Андреев од „Тритим“ од Софија. Кај жените, втора заврши Лана Гавриловиќ од ТК Сава Крагуевац, а трета – Анастасија Пејчева од Tri Team од Софија, Бугарија.

Ви ги споделуваме наградените во поважните категории:

Сениори

Мажи

1.Борис Андреев, Тритеам Софија, Бугарија

2.Албион Имери, Косово Триатлон Федерација, Косово

3.Матко Сариќ, ТК Максимир, Загреб, Хрватска

Жени

1.Лана Гавриловиќ, ТК Сава Сремска Митровица, Србија

2.Анастасија Пејчева, Tri Team, Софија

3.Магдалена Станковска, Триоги рејсинг Скопје

Јуниори

Мажи

1.Александар Божилов, Космос, Софија, Бугарија

2.Филип Виленица ТК Максимир Загреб

3.Андро Шертиќ, ТК Максимир Загреб

Жени

1.Ива Павловиќ, Клуб на екстремни спортови, Крагуевац, Србија

2.Роза Шпорчиќ, ТК Максимир, Хрватска

3.Мила Тркулја, ТК Максимир, Хрватска

Кадети

Мажи

1.Матеј Магдиќ, ТК Максимир Загреб

2.Валентин Илиев, Три плеј, Бугарија

3.Кристијан Колев, ТК Палашев Пазарџик

Жени

1.Маша Марковиќ, Клуб на екстремни спортови, Крагујевац, Србија

2.Дуња Тодиќ, ТК Сава Сремска Митровица, Србија

3.Бистра Груевска, ТК Триоги Рејсинг, Скопје, Македонија

4. Stopanska Triogy Triathlon се реализира со техничка соработка со македонската Триатлон федерација, главен спонзор е „Стопанска лизинг“. Трката ја помагаат: Еврохем, Фаворит електроникс, Реплек, Зоник градба инженеринг, Корпа, Никоб обезбедување, Никоб медикал, Аутомотив груп, хотел Солун, Тој Тој, Агенција за млади и спорт, Пекабеско, Мастер инженеринг, АМСМ, Кома, АТГ Македонија, Проспорт, Сојуз на спортови на Град Скопје.

За Триоги рејсинг:

„Триоги Рејсинг“ – Скопје е најтрофејниот триатлон клуб во Македонија. Постои 8 години, има повеќе од 100 члена и 100-ци медали освоени на домашни и на меѓународни натпревари. Ние вложуваме најмногу во развојот на овој спорт кај децата, затоа што сметаме дека само така ќе имаме здрава младина.

За Стопанска лизинг:

Стопанска лизинг АД – Скопје е новоотворена лизинг компанија на македонскиот пазар со широка понуда на финансиски и оперативен лизинг за корпоративниот и граѓанскиот сектор.

Поддршката на Триатлонот во Скопје е уникатна можност да се делува директно во развојот на овој актуелен спорт и во градење на нови спортски традиции за Градот и државата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.