Почетна ЖИВОТ Хуманост и семејни вредности Цветин испрати порака за мир на Евровизија 2024

Цветин испрати порака за мир на Евровизија 2024

53

(специјално од Малме Валентина Ѓоргиевска Парго)

Преку двесте цветни цртежи беа подарени на Евровизија во Малме, нацртани од Живко Поповски Цветин, нашиот кандидат за Нобелова награда за мир. Тие се најдоа во рацете на број и новинари, фанови, случајни минувачи, а три специјални признанија за ширење на мир беа пренесени на нашите таму кои го шират заедништвото, Борче Георгиевски Ластун, претседателот на клубот КСД Македонија Златко Кршоски, како и на главниот продуцент на Евровизија.
Во прес центарот беше потпишана пораката за мир најпрво од страна на Ангелос Дадаљас од грчкиот евровизиски Инфе клуб, а потоа од уште триесеттина други новинари за крај од младиот Никола Георгиевски.
-Мојата порака е за прекин на сите војни во интерес на човештвото. Нема никакво оправдување за ниеден конфликт во кој гинат невини луѓе, се уништуваат материјални добра , флора и фауна, наместо тие средства да се користат за создавање на поубав и посреќен живот на луѓето. Со дијалог, меѓусебно почитување и разбирање нема проблем што не може да се реши, порача нобеловскиот кандидат.
Неговата порака, креирана заедно со поетот Горан Анчевски гласеше:
“Со убавината на песната и цветот, ќе го спасиме светот”.

Македонија не учествуваше на Евровизија но беше присутна на овој убав начин, преку цветниот апел од Цветин.
Неговиот директен допир со оваа манифестација се случил преку Џони Логан и се потсети:
-Со Џони Логан имавме срдечна средба, радио легендата Стојан Тренчевски и јас во Спомен собата “Мајка Тереза” во Феудална кула, на 26 март, 2005 година, при што му подарив една моја слика Цвеќе на мирот!

metropolis-big