Сарамандов се сретна со романската амбасадорка Аксинте

68

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со амбасадорката на Романија во Македонија, Н.Е. Адела Моника Аксинте, којашто ја посети Гевгелија. На состанокот, градоначалникот Сарамандов ја запозна амбасадорката со потенцијалите на Општина Гевгелија, како и можноста за проширување на соработката и продлабочување на пријателството помеѓу Македонија и Романија. Од страна на Сарамандов беше потенциран економскиот развој и туристичката афирмација на Гевгелија, имајќи го предвид фактот дека голем број од транзитните туристи во Гевгелија се државјани на Романија. Притоа, беа договорени и дополнителни средби за проширување на туристичката промоција, којашто е од големо значење и бенефит и за двете земји.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.