Ефлувиум во МКЦ – изложба на Срѓан Миќиќ

92

Вечерва, 16.12.1021 година, со почеток од 20 часот во Галеријата на МКЦ ќе биде отворена „Ефлувиум“ – изложба на Срѓан Миќиќ.
Визуелен коментар посветен на современaта перцепција и дискурс. Култура на конзумерство и неумерна експлоатација. Промени без основа за прогрес. Механичко повторување шаблони. Трка за пари, моќ, влијание…
Изложбата ќе трае до 22 декември.

„Ефлувиум“ – изложба на Срѓан Миќиќ

16-.12.2021 @ Галерија МКЦ

Визуелен коментар посветен на современaта перцепција и дискурс. Култура на конзумерство и неумерна експлоатација. Промени без основа за прогрес. Механичко повторување шаблони. Трка за пари, моќ, влијание…

Ефлувиум во слободен превод значи смрдлива, отровна реа што испарува и се шири, болест. Болест на современиот ритам и генерациска незрелост. Незаинтересираност и пасивно набљудување од далечина. Криење зад вековни догми и мантрање без смисла. Обожување на златното теле и величење на виртуелни идоли.

Незаинтересираност, комформизам, технократија и виртуелна реалност.

„Хелекс“

Идолот на рамнодушието и материјалноста. Хелекс е глава на идол чии црти се сублимирани во една отворена дупка на средината каде што треба да е лицето. Идолот е поставен над кровот на висока зграда и претставува доминанта во околината.

„Тера“

Персонификација на природата преку дрвено женско торзо поставено на столб.

„Некрополис“

Споменик на општество што го достигнало крајот на својот циклус. Во сеќавање на изгубениот град.

Картонски релјефи од рециклирана хартија. Материјал за една употреба и намена да го заштити техно-товарот во кутиите за складирање. Откако ќе ја исполнат својата цел, картонските релјефи од рециклирана хартија завршуваат во отпад. Или на повторно рециклирање. Картонската кутија за складирање, од друга страна, и натаму служи како кутија за складирање помал отпад.

Срѓан Миќиќ e роден 1980 година, во Скопје.

1998-1999 – Средно училиште за Применета уметност УПУ – „Лазар Личеновски“, во Скопје, специјалност – Графика и графички дизајн;

1999-2002 – Белоруска академија на уметностите, Минск, специјалност – графика;

2002-2005 – Националната уметничка академија, Софија, специјалност – графика;

2005-2007 – Магистерски студии: Национална уметничка академија, Софија, специјалност – сликарство;

Десет самостојни изложби и учество на повеќе групни изложби во земјава и надвор од неа;

2011 – денес – професор на Меѓународниот балкански универзитет.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.