“Феникс” со моќта на поезијата ги славеше и бранеше уставобранителите

100

Во организација на Здружение Хуманитарно Културен ” Феникс”, настан посветен на уставобранителите и промоција на Алманахот ”27 април лето Господово 2017“ од група автори со поезија посветена на Уставобранителите, се одржа на 27 април 2024 во Факултетот “Скопје”.

На промоцијата беа присутни Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел Митрополит Повардарски, ректорот на Универзитетот Скопје проф.д-р Аце Миленковски, Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ Г-дин Ване Петров и претставници на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, почесниот конзул на Монголија во Република Македонија Лии Намдаг Јанчивин, представници на Унија на ветерани на ВМРО ДПМНЕ и претседателот на Партијата на Власите Стерија Костовски.

Поздрави од затворените уставобранители пренесе уставобранителите Горан Ѓошевски Леви- Македонецот и Лаки Арамбаша.

Присутните ги поздравија претседателката на Здружението ФЕНИКС м-р Билјана Челик, ректорот на Универзитетот Скопје проф.д-р Аце Миленковски и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, а промоцијата ја благослови Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел Митрополит Повардарски.

Претседателката М-р Билјана Челик заедно со Ректорот Аце Миленковски врачија постхумно признание за животно дело “Македонски Феникс” на првиот претседател на Македонија – Методија Андонов Ченто, признанието им се врачи на неговите наследници Василка Спиркоска Ченто и Лина Витанова.
Постхумно признание за животно дело “Македонски феникс” му беше доделено и на идејниот основач на ВМРО-ДПМНЕ – Драган Богдановски, во отсуство на неговиот брат Раде Станковски, признанието го прими Тодор Петров.
Третото признание за животно дело се додели на македонскиот автор и пејач кој создаде голем број на патриотски песни што оставија длабоки траги во македонската музика, Војо Стојановски, признанието го прими неговиот син Драган Стојаноски.

Со рецитации на стихови од своите стихотворби, посветени на уставобранителите, објавени во Алманахот 4, се претставија: Александар Трпчески, Анета Стефковска, Билјана Проеска, Билјана Челик, Благоја Петковски, Вангел Божиновски, Ванѓа Радевска, Валентина Ѓоргиевска Парго, Весна Јовановска, Горан Анчевски (чија песна се прочита во негово отсуство), Дана Тембелска, Даница Петровска, Дејан Петанчевски, Димитар Огражденски, Елизабета Павловска, Емилија Гелева, Јелена Илова, Јован М. Миновски, Катерина Сирма Митковска, Лидија Лучко Јеремиќ, Лилјана Стоилковска, Маја Петковска, Маја Славева, Македонка Чадиноска, Мендо Димовски, Оливера Јовановска, Павле Рибарски, Стефан Николов и Томислав Јовановски.

Со песни настапија Дарко Билбиловски со “Земјо македонска” и “Oган да го гори”, Давид Миладинов со “Послушајте патриоти” и “Налеј налеј”, Јулија Мациев со “Земјо моја, земјо мила” и Ристо и Нацка Краповски.

Поезија од Јане Ченто, Митко Пешов и академик Зоран Пејковски читаа Билјана Челик и Маја Славева, а присутните проследија видео со убава македонска песна од Вилијам Михајловски Гајда.

Од промоцијата на четвртиот алманах беше упатена порака за правда и правично судење, и слобода на уставобранителите.

Комплет книги од алманахот, Здружението за Феникс подари на сите учесници автори на стихотворби и на семејствата на уставобранителите.




куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.