Маја Павловска “Бисер Балкански”- Хитот на векот го содржи оној симпатичен, типично Македонски збор од рефренот: “СПЛОТИ”!

98

Откако се потсетивме на роденденот на славниот текстописец господинот Јован Павловски (29.04.1943), неговата ќерка познатата и сестрана уметница Маја Павловска, порачува:
Благодарност за објавата за сеќавање на мојот татко, Јован Павловски, текстописецот на легендарната “Бисер балкански”, која на музика на Хилми Билбил и аранжман на Томислав Таневски, во далечната 1990 година, ја испеја маестрално нашиот прекрасен Гоце Николовски и остана една од најпатриотските песни, подарок за сите што ја чуваат Македонија во срцето и не даваат прашина да падне врз неа, без разлика на чија политичка опција припаѓаат, како и на политички неопределените…
Песна, која покрај сите други награди, беше прогласена и за хит на деценијата, хит на векот, а беше предложена и како химна во тогашниот парламент.
Затоа би сакала да ви препорачам на сите, што повеќе да го применуваме во секојдневието вистинското значење на оној симпатичен, типично Македонски збор во рефренот, кој кажува сé: “СПЛОТИ”.
Гореспоменатите луѓе и покрај различностите, се СПЛОТИЈА и создадоа песниште што сѐ уште живее… Да се сплотиме и ние и со чесност и искреност да изградиме цврста и стабилна држава што ќе биде наша гордост!

Маја Павловска е авторка на стиховите на една уште поуниверзална македонска химна:

“Парче од Европа”

Долго време барам ѕвезда најсветла
Само таа фали
Сјај да запали
Порака праќам
Сѐ од срце
Да нѐ води кај што припаѓаме.

Порака праќам
Сѐ од срце
Да нѐ води кај што припаѓаме

Ние парче од Европа сме
Од вистината не бегајте
Топли прегратки раширете
Покрив од срца издлабете

Силен оган гори, желба разгори.
Гласот Божји грми
Сите исти сме!
Дајте ни живот
Без граници
Даj отворете нови страници

Ние парче од Европа сме
Од вистината не бегајте
Топли прегратки раширете
Покрив од срца издлабете
Ние парче од Европа сме…

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.